Одржана обука за Маркетинг и брендирање во земјоделски задруги

објавено во: Новости | 0

Во периодот од 29.11-01.12.2021 година во Охрид се одржа дводневна обука на тема Маркетинг и брендирање во земјоделските задруги, за потребите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Обуката се спроведува преку проектот „Поддршка за поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“ кој што е имплементиран од страна на CARE International, а финансиски поддржан од Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.