Објавен е повикот за поднесување на барања за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“.

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги го информира своето членство дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик за аплицирање на мерката: Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги. Мерката предвидува грант за плата за управители на земјоделски задруги и надоместок за ангажирање на стручни лица од областа на земјоделските науки и ветерината за потребите на задругата.Корисници на финансиската поддршка се сите регистрирани задруги во регистарот на МЗШВ, а периодот којшто е опфатен е 01.01.2020 – 31.12.2020.Краен рок за поднесување на барања е 31.07.2021 година.