Претставници на МАЗЗ присутни на Средбата за вмрежување на граѓански организации на Цивика мобилитас

објавено во: Новости | 0

Претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги во периодот од 4-6 мај 2022 година се дел од Средбата за вмрежување на Цивика мобилитас која се одржува во хотел Метропол, Охрид – како еден од најголемите настани посветен за сумирање на заедничките постигнувања но и на плановите за следната, завршна фаза. Цивика мобилитас секогаш негувала партиципативен пристап во планирањето и ги имала предвид потребите на нејзините главни конституенти – граѓанските организации.

Целта на средбата е со директно учество граѓанските организации да имаат можност да се вклучат во дизајнирањето на следната фаза на една од најголемите програми за поддршка на граѓанското општество во земјата. Исто така за време на Средбата за вмрежување, од страна на Ѓорѓи Андонов – ЗЗ Пчлелин Рај, Струмица а воедно и претседател на Надзорниот одбор на МАЗЗ беше предадена Изјава за пристапување кон Кодексот на граѓански организации на Цивика мобилитас како една моќна алатка за постојано развивање на вредностите на организациите но и зајакнување на системот на саморегулација што ќе придонесе за поголема транспарентност, ефикасност и доверба во граѓанските организации!