МАЗЗ дел од овогодинешниот Меѓународен саем ”Органска Трпеза” во Куманово

објавено во: Новости | 0

Меѓународниот саем „Органска Трпеза“, година се организираше по трет пат на отворено на 25.09.2021 год, пред Спортско рекреативниот комплекс во Куманово. Целта на манифестацијата e организирање на настан за зачувување на традицијата на производство на храна, но и меѓусебно запознавање и размена на искуства и знаења на органските и другите производители на храна од руралните средини, како од државата така и од соседните држави.

На саемот беа изложени органски земјоделски производи, органски производи од животинско потекло, органски мед и производи од мед, органски и традиционални млечни производи, органска козметика, производи од алтернативна медицина и мелеми, производи од диворастечки растенија, органски ѓубрива и субстракти, органска кондиторија и барови, органски сокови, мармелади, џемови, органски зрнести производи, свежо и сушено овошје и зеленчук, органско кафе, органски оцет, вино, пиво и ракија, намази, топинзи и паштети, пекарски производи, традиционални македонски производи, садови. Беа презентирани и агенции, федерации, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори, финансиски куќи, издавачки куќи, портали, асоцијации, нутриционисти и сертификатори кои на свој начин го помагаат и унапредуваат органското производство. Исто така имаше и изложувачи кои се производители или дистрибутери на опрема, машини, амбалажа за прозводство, преработка и пакување на органски производи.

Покрај операторите со храна, свој интерес за учество на манифестацијата пројавија и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехрамбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство, печатени и електронски медиуми и ТВ куќи, стопански комори од земјата и од странство, како и дипломатски претставништва и амбасади.

Саемот беше одлична основа да им се даде видливост како на производите, така и на производителите.