Македонската асоцијација на земјоделски задруги дел од овогодинешниот фестивал на граѓански организации на Цивика Мобилитас програмата.

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше дел од четвртиот по ред „Ден на граѓанските организации што се одржа во саботата, на 25 септември  2021 година, од 10 до 15 часот во Градскиот парк кај „Школка“, во Скопје.

На официјалното отворање на настанот на присутните им се обрати нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Главната тема за годинашниот фестивал беше „30 години граѓански ангажман“. Со ова, Фестивалот на Цивика мобилитас се приклучи кон одбележувањето и прославата на 30 години независност на Македонија. По обраќањето на Амбасадорката, беше промовиран и потпишан Кодексот за граѓански организации.

Повеќе од 90 организации на своите штандови ја презентираа својата работа, а посетителите имаа можност да се информираат за нивните залагања и постигнувања, како и активно да се вклучат во активностите предвидени за тој ден.