Информација за потребната документација за поднесување на кандидатури за управувачки структури во ЗМАЗЗ

објавено во: Новости | 0

Документација за поднесување на кандидатури за членови на Управен и Надзорен одбор на ЗМАЗЗ како и формуларите за номинирање на кандидати за членови на Управен и Надзорен одбор на ЗМАЗЗ, изјавата за согласност на кандидатот и изјавата за нечленување во извршен орган на политичка партија, може да ги превземете на следниот линк: https://drive.google.com/drive/folders/1TLjKRiOtYAKp-2sYOnfscPLp0k2ofO6v?usp=sharing

Покрај горенаведената документација, секој кандидат потребно е да приложи и:

– Изјава со која потврдува дека нема дисиплинска или кривична одговорност за дело кое го прави недостоен за вршење на функцијата (Oсновен суд)

– Доказ дека ЗЗ која што ја претставува кандидатотпот има редовна исплата на плати и позитивен финансиски резултат во последната деловна година, односно Уверение за платени даноци и придонеси (УЈП)

– Потврда дека физичкото лице кое се кандидира нема изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност. (ЦРМ)

-Потврда дека на земјоделската задруга која ја претставува физичкото лице не и е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност (ЦРМ)

-Земјоделската задруга која ја претставува физичкото лице потребно е да биде впишана во регистарот на земјоделски задруги при МЗШВ.

Со цел да се избегнат дополнителни трошоци од страна на кандидатите, не е задолжително приложените документи од УЈП и од Основен суд да бидат оригинална верзија, односно може да се приложат и копии на оригиналните документи.

Дополнително, кандидатот треба да има активен придонес во развојот на задругарството и да претставува земјоделска задруга која има регулирано обврски по основ на членарина кон ЗМАЗЗ.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Кандидатурите се испраќаат електронски на следната е-маил адреса: mazz.izborna2020@gmail.com. Претседателот на ЗМАЗЗ се бира од редовите на членовите на Управниот одбор и тоа со мнозинство број на гласови од истите.

Рокот за поднесување на кандидатурите е заклучно со 12.11.2020 година (четврток) до 23:00 часот. Кандидатурите кои ќе бидат поднесени подоцна од 12.11.2020 односно по истекот на рокот нема да бидат земени во предвид и изборната комисија со заклучок ќе ги отфрли како ненавремени.