Информација до членките на МАЗЗ за активностите на одделението на ЗПИС

објавено во: Новости | 0

Почитувани, Би сакале да Ве запознаеме дека во рамките на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство поточно во Секторот за анализа на земјоделска политика функционира одделение за Земјоделско пазарен информативен систем или (ЗПИС).

Целта на овој систем е да собира и објавува цени на земјоделски и сточарски производи и да ги објавува на веб страната www.zpis.gov.mk .

Исто така во рамките на ЗПИС функционира и посебна веб апликација под наслов: “Понуда- Побарувачка” на земјоделски производи http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk преку која се овозможува да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток директно од страна на производителите на земјоделски производи од домашно потекло. Да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток од страна на заинтерисираните потрошувачи,купувачи,откупувачи и трговци на производи од домашно потекло.

Дополнително, можете да го погледнете и Годишен извештај 2020 подготвен од одделението ЗПИС каде се дадени цените на земјоделските производи и споредени со изминатите години.