Цивика Мобилитас – мал акциски грант

објавено во: Спроведени проекти | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги во периодот од 01.08.2017-31.05.2018 година беше имплементатор на мал акциски грант од ЦИВИКА МОБИЛИТАС Програмата со наслов да ‘’ Да изградиме кооперативно општество’’.

Проектот беше насочен кон зголемување на свеста на фармерите за придобивките од кооперативното здружување, промоција на економското здружување на фармери преку задруги и придонес кон разбирање на синџирот на снабдување кај фармерите и пристап до пазарот; Идентификување и анализирање на сите правни акти кои се однесуваат на функционирањето на земјоделските задруги; Вертикален преглед на легислативата преку пронаоѓање на утврдените законски акти, нивното влијание врз земјоделските задруги и нивните членови се до повисоката законска рамка од која тие се спуштаат; Компаративен преглед на легислативата преку мапирање на сите утврдени правни акти и нивно поврзување едни со други за да се оценат нивните влијанија врз членовите на земјоделските задруги во споредба со фармерите кои не се членови на задруга, преточени во соодветна секторска анализа која беше доставена до засегнатите чинители во секторот.

Проектот практично придонесе за позитивна општествена промена во земјоделскиот сектор,  децентрализација и промоција на заеднички акции и потикинување на земјоделското „граѓанство“ преку создавање на подобра идеја за содржината и формата на функционалната соработка во земјоделството, европски ориентираните очекувања на законот и условите за започнување на нивно претставување на национално ниво како и придонес кон подобра регулатива и застапеност. Проектот ја зголеми улогата на МАЗЗ во кооперативниот развој и предизвика иницирање на позитивни промени на законската легислатива.