Бизнис план 2019-2020

објавено во: Тековни проекти | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги започна со имплементирање на проектот: “Бизнис План 2019-2020” кој беше развиен врз основа на повикот за поддршка на чадор организација во ЕУ проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ спроведуван од Care Германија-Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП, а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Целта на Бизнис Планот на МАЗЗ e: Градење на капацитетите и финансиска поддршка на МАЗЗ со цел придржување кон принципите на демократско владеење и функционална независност, како и зајакнување на нејзината улога за поддршка и развој на земјоделските задруги во земјата. Истовремено со проектот се очекува зајакнување на капацитетите на МАЗЗ до крајот на 2020 година и овозможување на поддршка на земјоделските задруги, за подобрување на застапувањето и лобирањето во интерес на задругите и промовирање на задругарството. Редефинирање на структурата и воведување на професионализирана Извршна канцеларија на МАЗЗ како и нивелирање на нормативните акти и организационата структура во управувањето на организацијата, за функционална чадор организација со добро воспоставена структура на Извршната канцеларија беа првите спроведени активности од проектот.

Периодот на имплементација на активностите во “Бизнис План 2019-2020” е 18 месеци и тоа започнувајќи од 20.06.2019-20.12.2020 година.